Back

ⓘ Култура



                                               

Култура

Култура - општо земено, се однесува на човековата активност; различните објаснувања на поимот "култура" се одраз на различните теории и критериуми на разбирање и оценување на човековата активност. Културата се зема традиционално како најстар човечка одлика, она што го одделува човекот од животните, иако најновите откритија ни кажуваат дека оваа линија на поделба и не е така остра. Културата го обезбедува опстанокот на цивилизацијата. Таа настанала кога настанал и човекот. Културата ја сочинуваат две компоненти: традиционалните норми, верувања, вредности и однесувања, од една страна и поеди ...

                                               

Вариска култура

За несродниот народ видете народ Вари. Вариската култура била култура која се развила пред Инките во регионот на Андите, поточно во јужниот дел од брегот на Перу во периодот од 500 до 900 година. Главниот град на оваа култура бил Вари и се наоѓал на околу 25 км североисточно од денешниот град Ајакучо во Перу. Овој град бил центар на цивилизацијата која покривала голем дел од висорамнините и брегот на Перу. Подоцна, државата се проширила и го зазела градот Пачакамак, иако се верува дека имал одредена автономија. Исто така, во склоп на Вариската култура или држава влегле и Моче културата, а ...

                                               

Култура (издавачка куќа)

Во текот на работењето на издавачката куќа "Култура", директорската функција ја извршувале: Димитар Елимов Ана Ќовкарова Во различни периоди од работата на издавачката куќа, функцијата главен уредник ја извршувале: Глигор Стојковски Седиштето на "Култура" се наоѓа на следнава адреса: Бул. "Св. Климент Охридски" 68а, Скопје. "Култура" во своја сопственост има две книжарници. Едната од нив се наоѓа во центарот на Скопје и важи за една од најрепрезентативните книжарници во Република Македонија. Оваа издавачка куќа соработува со повеќе приватни книжарници во државата, а свој книжарски простор ...

                                               

Хеленистичка култура

Со освојувањето на Александар III Македонски на Исток дошло до ширење на македонската и грчката култура кај тамошните поробени народи. Притоа македонската и грчката култура вршеле влијание врз културата на месното население, а и тие возвраќале со извесно влијание врз нив. Така дошло до мешање на македонската, грчката и старите источни култури. Новата култура, за разлика од грчката или хеленска култура, која била доминантна, се нарекува хеленистичка култура Епохата на процутот на хеленистичката култура се нарекува хеленизам, а државите во кои се развивала хеленистичката култура се нарекуваа ...

                                               

Американска култура

Културата во САД потекнува од западната култура, која што има потекло или влијание од европската култура. Таа се развивала уште пред САД да стане земја со свои сопствени социјални и културни карактеристики како што се дијалектот, музиката, уметноста, социјалните навики, кујната и фолклорот. Денес, САД е етничко-расна развиена земја, како резултат на многуте имиграции во текот низ историјата. Влијанијата започнуваат прво со доселувањето на Англичани и Ирци, коишто се основачи на колонијална Америка. Британската култура во спој колонијалните споеви на Британија го проширува англискиот јазик, ...

                                               

Англиска култура

Англиска култура - се однесува на карактеристичните културолошки норми на Англија и на Англичаните. Како резултат на доминантната позиција која Англија ја имала во рамките на Обединетото Кралство од аспект на населението, англиската култура најчесто тешко се разликува од културата на Обединетото Кралство како целина. Сепак, постојат неколку културни навики кои се особени само за Англија.

                                               

Дорсетска култура

Дорсетска култура - палео-ескимска култура, која траела од 500 п.н.е. до меѓу н.е. 1000 и 1500, што следувало пред Дорсет и му претходело на Инуит во Арктикот на Северна Америка. Именувана е по Кејп Дорсет во Нунавут, Канада, каде се пронајдени првите докази за нејзиното постоење. Културата е дефинирана како четири фази, како резултат на различните технологии во врска со ловот и правењето алатки. Артефактите вклучуваат карактеристични триаголни крајни лопатки, светилки од сапун камен и распрскувачи.

                                               

Римска култура

Римската култура еволуирала во текот на речиси 1200 годишната историја на таа цивилизација. Терминот се однесува на културата на Римската Република, а подоцна и на Римското Царство која ја опфаќала територијата на Мароко и долината на реката Еуфрат. Животот во Стариот Рим се развивал околку самиот град, неговите познати седум ридови, монументални градби како на пример Колосеумот, Форумот на Трајан и Пантенон. Градот исто така располага и со голем број театри, училишта, таверни, ресторани, бањи и слично. На целата територија која била под римска контрола, станбената архитектура се движела о ...

                                               

Руска култура

Руската култура е поврзана со земјата Русија, како и со етничките Руси кои живеат низ целиот свет. Руската култура има многу богата историја и истата може да се пофали со долгата традиција од аспект на уметноста, литературата, филозофијата, класичната музика, балет, архитектурата, сликарството, киното, и анимацијата. Сите овие правци во текот на историјата имале значително големо влијание во светската култура. Историјата и првите почетоци на руската култура започнале во времето на источните Словени, со своите пагански верувања и специфичен начин на живеење низ пределите на Источна Европа. ...

                                               

Албански фолклор

Албанскиот фолклор е духовна традиција на Албанците во кој се комбинирани верувањата, вештините, традициите и естетиката. Тој се однесува на духовното наследство, вклучувајќи ги народните верувања, обичаите, музиката, танцот, носиите и сл.

                                               

Висока култура

Високата култура ги опфаќа културните објекти со естетска вредност, кои едно општество збирно ги цени како примерна уметност, и интелектуалните дела на филозофијата, историјата и литературата што едно општество ги смета за репрезентација на нивната култура.

                                               

Дама-водач

Дама-водач ― образовна добротворна организација основана во 2015 година. Посветена е на зголемување на видливоста на успешните приказни на жените во сите сфери на животот и им нуди на девојките поширок избор на жени-модели од оние претставени во културата на населението.

                                               

Естонски фолклор

Естонскиот фолклор е духовна традиција на естонскиот народ во кој се комбинирани верувањата, знаењата, искуството, традициите и естетиката. Тој се однесува на народните православни традиции на луѓето од Естонија, и на нивното духовно наследство, вклучувајќи ги народни верувања, обичаите, музика и други. Во традиционални рамки, фолклорот се сфаќа првенствено како традиција во руралното општество. Денешните анегдоти, урбани легенди и така натаму се меѓу неговите посовремените концепти.

                                               

Италијански фолклор

Во Италија постојат многу легенди и народни приказни. Со текот на времето повеќето народи на овие простори оставале траги во народното творештво. Некои приказни потекнуваат и од христијанизација особено оние што се однесуваат на демоните и истите понекогаш се среќаваат и во христијанската демонологија. Сите овие приказни се дел од фолклорот на Италија. Подолу е списокот на ликови кои се дел од италијанскиот фолклот и за кои се раскажувале приказни од кои некои датираат уште од времето на Стариот Рим.

                                               

Кич

Кич – нисковредно творештво со уметнички претензии и цел да биде достапно на што поширок круг луѓе. Најчесто му годи на неразвиен вкус и извесни потреби на луѓето кои се на граница на вредносна и морална неприфатливост, но со силен емоционален набој. За заштита од негативното влијание на кичот во сите сфери на животот, поедини земјаземји прибегнуваат на поголем оданочување или забрана за дистрибуција на такви производи.

                                               

Контракултура

Контракултурата е субкултура чии вредности и норми на однесување значително се разликуваат од оние на мејнстрим општеството, често во опозиција на мејнстрим културните обичаи. Контракултурално движење изразува етос и аспирации на одредена популација во добро дефинирана ера. Кога опозициските сили ќе постигнат критична маса, контракултурите можат да предизвикаат драматични културни промени. Познати примери на контракултури во Европа и Северна Америка се Романтизмот 1790-1840, Бохемството 1850-1910, Бит генерацијата 1944-1964, контракултурата на 1960-тите 1964 -1974, обично поврзана со хипи ...

                                               

Корпоративна култура

Корпоративната култура го претставува начинот на однесување на вработените во организацијата во насока на остварување на нејзината визија, цели и мисија. Корпоративната култура се состои од вредносни принципи врз кои се заснова однесувањето на вработените во организацијата. Таа е еден од факторите кои влијаат врз можностите на организацијата да спроведе иновативни работни процеси и да ги мотивира вработените. Според Роберт Е. Квин и Ким. С. камерон, постојат четири типа корпоративна култура: хиерархиска - овој тип е структуриран и контролиран со фокус врз ефикасност, стабилност и "правење ...

                                               

Фински фолклор

Фолклорот на Финска се однесува на традиционалните и народни практики, технологии, верувања, знаење, ставови и навики во Финска. Финската народна традиција, односно фолклор вклучува широк обем на финската традиционална народна култура, вклучително, руралните традиции. Според познатиот есеј на Алан Данди, фолклорот вклучува барем народни приказни и други вербални традиции, музика, традиционални предмети и згради, религија и верувања, како и кулинарска традиција.

                                               

Легенда

Една легенда е наратив на човековите дејства што, според раскажувачот и неговите слушатели, претставуваат дел од човековата историја и содржат одредена поука. Една легенда, за нејзините активни и пасивни ликови, не содржи настани што се надвор од "можното", и содржи чуда што "навистина се случиле". Легендите претставуваат дел од традициите на одделните култури и со време се менуваат со цел да ја задржат својата свежината, виталноста и реализамот. Современите прераскажувања на легендата на Свети Ѓорѓи, на пример, прескокнува многу натприродни настани што биле централни во раните верзии, но ...

                                               

Марински театар

Марински театар - историско балетски и оперски театар во Санкт Петербург на северозапад од Русија. Отворен е во 1860 година, станал еден од најистакнатите музички театри во Русија на касниот деветнаесетти век, каде премиерно се изведени многубројни ремек дела на Петар Илич Чајковски, Модест Мусоргски и Николај Римски-Корсаков. Во поголемиот дел од времето на Советскиот Сојуз, театарот бил познат како Киров театар. Денес, Маринскиот театар е дом на Маринскиот балет, Маринската опера и Маринскиот оркестар. По пензионирањето на Јуриј Темирканов во 1988 година, генерален директор на театарот е ...

                                               

Ниска култура

"Ниска култура" е погрден поим за облици на популарна култура кои имаат масовна привлечност. Нејзината спротивност е "висока култура", кој исто така може да се смета за погрден поим. Од теоретичарите на културата е речено дека и високата и ниската култура се поткултури.

                                               

НУЦК "Марко Цепенков"

Националната Установа Центар за Култура "Марко Цепенков" го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот Прилеп кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, глумци, музичари, слободоумни луѓе со визија. Својата дејност ја започнува 1979 година како Дом на Културата, со специјално подготвената театарска претстава "Факел" од Коце Солунски. Во почетокот Домот на Културата ги потикнувал аматерските самодејности: фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови. Во 90-те години во склопот на Домо ...

                                               

Обред

Обред - вид традиција која голем број фолклористи ја проучуваат како одделна фолклорна категорија. Обредите се повторливи дејства, но тие се поцелисходни отколку обичајот - тие се високо организирани и контролирани, и често укажуваат на членство во одредена група. Повеќето обреди спојуваат неколку видови фолклор: вербален, материјален и обичаен. Општо, обредите се изведби кои се повторливи, шематизирани и често вклучуваат церемонијални дејства кои содржат симболи, дејства, повторувања: можеби најзначајно за препознавањето на обредите е дека тие се врамени во рамка кој укажува на тоа кога о ...

                                               

Оикофобија

Оикофобија е аверзија кон домашната средина или абнормален страв од нечиј дом. Во психијатријата, терминот исто така се користи во потесна смисла на зборот за да се означи фобијата на содржината на една куќа: "страв од апарати за домаќинство, опрема, кади, хемикалии за домаќинства и други вообичаени предмети во домот". Спротивно на тоа, доматофобијата специјално се однесува на стравот од самата куќа. Терминот се користи во политички контекст за да се алудира критички на политичките идеологии кои ја негираат сопствената култура, а ги величаат туѓите култури. Една истакната ваква изјава на Р ...

                                               

Петок тринаесетти

Денот петок тринаесетти, кој исто така се нарекува и "црн петок", многу време кај народот предизвикува несфатливо чувство на страв. На овој датум многумина се парализирани од страв. Некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД стопанствениците губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места. Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ешвил, Северна Каролина, споменува дека стравот од петок 13 измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американц ...

                                               

Протекционизам

Протекционизам - збир на економски мерки со кои една држава се обидува да ограничи пласирање на странски производ на домашниот пазар, односно да го ограничи увозот. Тие мерки се наоѓаат во доменот на стратегиските трговски политики и нивната цел е по правило, подобрување на - пласманот на домашните продукти, унапредување и подобрување на развојот на поедините стопански гранки како и стопанството во целина. Такви мерки на стратегиска трговинска политика помагаат во развојот на поедини земји во развој во толкава мерка, па некои од нив веќе прераснале во индустриски сили. На пример, ако земјо ...

                                               

Руски фолклор

Фолклорот на Русија е фолклор на Русите и на другите етнички групи на Русија. Корените на рускиот фолклор се во паганските верувања на Старите Словени и истите се застапени во руските сказни. Епските руски билини се исто така важен дел од словенската митологија. Најстарите билини на киевскиот циклус биле запишани главно на север во Русија особено во Карелија каде што бил запишан и поголемиот дел на финскиот национален еп Калевала. Во доцниот 19 век руските сказни почнале да се преведуваат на англиски јазик - Руски народни сказни 1873 од Вилијам Ралстон и Приказни и легенди од земјата на ца ...

                                               

Српски фолклор

Српски фолклор - народна традиција меѓу етничките Срби. Најраната појава на српскиот фолклор е забележана во претхристијанските словенски обичаи кои преминале во христијанството.

                                               

Староеврејска култура

Еврејската цивилизација настанала во 2 милениум п.н.е. кога отец Аврал од Ур и Мојсеј од Египет ќе ги победат еврејскит еплемиња и ќе се сретнат на пакистанска територија и ќе ја наречат "ветена земја". Ќе создадат своја еврејска држава составена од сите обединети еврејски племиња. Најстарата територија се викала Хаан. Во 12 век п.н.е. се населува приморско население од Феникија. Доаѓа до судир на старото и новото население. Се создава нова еврејска држава и се развило робовладетелско уредување. најпознат е мудрецот, царот Соломон кој со својата силна флота донел огромни богатства од Африк ...

                                               

Традиција

Традиција е збор кој доаѓа од латинскиот traditionem, односно traditio со значење дека "нешто се пренесува натаму", а се користи на повеќе начини, но најчесто да означи збир на верувања или обичаи во одредена област, на пример: христијанска традиција, традиција на прослава и слично.

                                               

Ултрас

Ултрас движењето или едноставно само Ултрас е име дадено за организираните навивачки групи на спортските екипи и фудбалските тимови. Се појавува во Италија во текот на доцните шеесетти години кога фудбалските екипи ја намалуваат цената на влезните билети на одредени делови од стадионот. Ултрас движењето не треба да биде мешано со Британските Casuals, иако има насилни елементи, хулиганизмот е повеќе исклучок отколку правило.

                                               

Фолклор

Во фолклор спаѓаат приказните, музиката, танцот, легендите, раскажаната историја, хуморот, популарните верувања, обичаите, и сè она што го опфаќаат културата, подкултурата и традицијата на одреден народ. Исто така, тоа претставува склоп на обичаи преку кои овие изразни жанри се споделуваат. Академските и етнографските студии на фолклорот се нарекуваат и фолклористика.

                                               

Цивилизација

Цивилизацијата е комплексно општество кое се карактеризира со урбан развој, социјална стратификација наметната од страна на културна елита, симболички системи на комуникација, и значителна оддалеченост од и доминација над природната средина. Цивилизациите се интимно поврзани со и често се дополнително дефинирани од страна на други социо-правно-економски карактеристики, вклучувајќи ги централизацијата, припитомувањето и на луѓето и на другите организми, специјализацијата на трудот, културно вкоренетите идеологии за напредокот и супремацијата, монументалната архитектура, даноците, социјалнат ...

                                               

Швајцарски фолклор

Швајцарскиот фолклор е збир на локални приказни, прослави и обичаи на алпските и супалпските народи кои живеат во Швајцарија. Швајцарија е составена од неколку различни култури и население кое зборува германски, француски, италијански, како и реторомански во кантонот Граубинден. Секоја група има своја посебна фолклорна традиција. Швајцарија е крстопат на Европа. Иако како сојуз и земја постои од 1291, швајцарската култура и народ постоеле и пред тоа. Пред Швајцарија, регионот бил населен со пагани а подоцна со христијански германски племиња, од кои ќе изникне Швајцарија. Пред германските н ...

                                               

Популарна култура

Популарна култура или масовна култура - мноштво замисли, гледни точки, ставови, шеги и други културолошки одлики најзастапени меѓу широките народни маси во одредено општество. Изобилува со КИЧ германски Kitsch– нисковредно творештво со уметнички претензии и цел да биде достапно на што поширок круг луѓе. Основен мотив на создавање на оваа култура е остварувањето профит.

Министерство за култура на Македонија
                                               

Министерство за култура на Македонија

Министерство за култура на Република Македонија е министерство во состав на Владата на Република Македонија. Министерството било формирано по добивањето на независност на Република Македонија во 1991 година. За прв министер бил избран Цветан Грозданов. Сегашната министерка за култура е Ирена Стефоска. Седат Сулејмани е заменик-министер за култура.

Министер за култура на Македонија
                                               

Министер за култура на Македонија

Министер за култура на Македонија - прва позиција во хиерархијата на Министерството за култура на Македонија, која институција била основана во 1991 година. Прв министер бил Цветан Грозданов. Моментална министерка за култура е Ирена Стефоска. Партија Независен СДСМ ПДП ВМРО-ДПМНЕ ДПА

Алтернативна култура
                                               

Алтернативна култура

Алтернативна култура е вид на култура која постои надвор од или на границите на постоечката или таканаречена популарна култура, и најчесто во неа доминираат една или повеќе културни подгрупи. Може да има малку или ништо заедничко со културната подгрупа. Постои и политички термин контракултура.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →