Back

ⓘ Драган Димитровски




                                     

ⓘ Драган Димитровски

Димитровски е роден во Скопје во 1934 година. Дипломирал математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1958 година, а докторирал во 1968 година на тема "Прилог кон теоријата на обоп­штените аналитички функции". За асистент на ПМФ бил избран во 1960 година. Доцент станал во 1968 година, вонреден професор од 1973 година, а редовен професор од 1981 година. Бил продекан на Природно-математичкиот факултет од 1974 до 1976 година како и шеф на Институтот за математика од 1993 до 1997 г.

Во својата 43-годишна наставна кариера држел предавања и вежби по 14 предмети, на сите шест институти на ПМФ, за студенти од прва до четврта година. Одржувал настава и по три предмети на постдипломските студии на институтите за биологија и географија. Вовел и нови предмети: математика за биолози, математика за географи, парцијални равенки. Оформил 7 доктори на науки, 6 магистри и околу 200 дипломци - професори по математика и информатика. Организатор е на математички собири и конгреси и долго време ја водел издавачката дејност на Природно-математичкиот факултет, на Институтот за математика и на Друштвото на математичарите и физичарите на Македонија, за кои издал 40 тома публикации. Во областа на науката се занимава со диференцијални равенки и функции од комплексна променлива. Автор е на 120 научни и стручни трудови печатени во земјата и во странство, на 10 книги, од кои 6 оригинални научни монографии. Во македонската математичка средина вовел области како што се ареоларните равенки, обопштените аналитички функции, равенките на Векуа, обопштените тригонометрии, и го форсира современиот метод на итерации како многу надежен во сите видови равенки - алгебарски, диференцијални, парцијални, интегрални. Многу соработува со помлади кадри и интензивно помага во нивното научно усовршување. Во подолг период 1993-1997 ја извршуваше функцијата шеф на Институтот за математика, при што домаќински се грижеше за наставните, материјалните и техничките потреби на Институтот.

Носител е на Орден на трудот со златен венец и на две воени одликувања. Работејќи на сите шест институти на ПМФ, имал влијание врз формирањето на голем број генерации студенти на нашиот Природно-математички факултет.

                                     
  • природни број што следи после бројот 1, а претходник е на бројот 3. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 9 а претходник на бројот 11. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природни број што следи после бројот 4, а претходник е на бројот 6. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 6, а претходник е на бројот 8. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 199, а е претходник на бројот 201. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 149 а претходник на бројот 151. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 259 а претходник на бројот 261. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 289 а претходник на бројот 291. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 279 а претходник на бројот 281. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје