Back

ⓘ Географија на Кирибати




Географија на Кирибати
                                     

ⓘ Географија на Кирибати

Географијата на Кирибати ги опфаќа географските, релјефните и демографските карактеристики на земјата. Кирибати е островска државата составена од 32 атоли и 1 остров. Државата се наоѓа во Тихиот Океан и низ неа поминува екваторот. Атолите во државата ги сочинуваат трите островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Банаба е единствен остров во државата, кој е богат со фосфат и е еден од трите фосфатни острови во Океанија. Од поглед на часовните појаси, Кирибати е најисточна држава во светот. Главен град во државата е Јужна Тарава, а службени јазици кирибатски и англиски. Кирибати има вкупна површина од 726 километри квадратни и население од 105.432 според проценките за 2005 година.

                                     

1. Податоци

Местоположба Кирибати се наоѓа во Океанија и е составена од три островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Низ државата поминува екваторот. Кирибати е најисточната држава во поглед на часовните појаси. Државата нема копнени граници, но по морски пат се граничи со Науру и Микронезија на запад, со Тувалу, Токелау, Кукови Острови и Француска Полинезија на југ и со Француска Полинезија на југоисток. На исток и север се граничи со меѓународни води. Географските координати на земјата се 1°25′N 173°00′E. Површина
  • вода: нема
  • вупно: 771 km 2 298 ми
  • копно: 771 км 2
Белешка: Во вкупната површина се опфатени сите три островски групи. Морски територии
  • ексклузивна економска зона: 370 km
  • територијални води: 22 km
Копнени граници нема Брег 1.143 kм 3.750.000 ст Клима тропска клима со топли и суви периоди. Релјеф Повеќето од островите се рамни и опколени со корални гребени. Надморска височина
  • најниска точка: Тихи Океан 0 m
  • највисока точка: Банаба 81 м 266 ст
Природни ресурси фосфат Употреба на земјиште
  • постојани насади: 51%
  • постојани пасишта: 0%
  • обработливо: 0%
  • друго: 46% проц. за 1993
  • шуми: 3%
Природни непогоди во државата се појавуваат тајфуни, обично од ноември до март. Поради малата надморска височина на островите, државата може да биде потопена.
                                     

2. Крајни точни

Крајните точки на Кирибатите се:

  • јужна точка – Флинтски Остров, Линиски Острови
  • западна точка - Банаба
  • источна точка – Каролински Остров, Линиски Острови
  • северна точка – Тераина, Линиски Острови
                                     

3. Демографија

Најголемата етничка група на Кирибати се кирибаќаните. Тие се микронезиски народ. Околу 14 век, Фиџици и Тонганци се населиле на Кирибати и со тоа се измешала етничката структура на населението.

Народот во Кирибати зборува на кирибатски јазик. Иако англискиот е службен јазик на Кирибати, тој не се користи многу.

Христијанството е најголема религија на Кирибати кое започнало да се шири во 19 век. Повеќето се католици.

                                     
  • Тувалу. Главна статија: Географија на Кирибати Кирибати се состои од околу 32 атоли и еден остров. Островските групи на Кирибати се: Банаба: остров помеѓу
  • Микронезија и Кирибати Главен град на државата е Маџуро, а службени јазици се маршалски и англиски јазик. Местоположба: Океанија, поточно северниот дел на Тихи
  • морски пат се граничи со Микронезија на север, со Кирибати на исток, Папуа Нова Гвинеја на запад и со Соломоните на југ. Островот се наоѓа 53 км јужно од
  • е дел од Кирибати и се наоѓа на 300 километри источно од Науру. Островот има вкупна површина од 6.5 километри квадратни. Највисоката точна на островот
  • Aranuka претходно познат како Хендервил, Ноноуки или Старбак, е атол во Кирибати Атолот е дел од островската група Гилбертови Острови. Атолот има вкупна
  • Кингсмилски Острови се островска група од шестнаесет атоли и корални острови во Кирибати во Тихиот Океан. Атолите и островите се распоредени во правец север - југ
  • Хрд или Хоуп Ајланд, е атол во Кирибати Атолот е дел од островската група Гилбертови Острови. Вкупната површина на атолот е 9, 5 км2 и има население
  • Каледонија Папуа Нова Гвинеја Соломони Фиџи Микронезија Вејк Гуам Кирибати Маршалски Острови Науру Северни Маријански Острови СД Микронезија Палау
  • Танимајаки, Кума и Текабетете. Портал: Кирибати Кирибати Острови во Кирибати Гилбертови Острови Бутаритари на Ризницата Exhibit: The Alfred Agate Collection:
  • американска управа. Со независноста на Кирибати островот станал дел од новата океанска држава. Островот се наоѓа на околу 740 километри северозападно од
  • Никумароро кирибатски: Nikumaroro порано познат како Гарднер, е остров во Кирибати Островот е дел од Островите Феникс и истиот е од корален вид. Никумароро