Back

ⓘ Институт за национална историја



                                               

Ослободување на Скопје

Битката за Ослободување на Скопје, претставувала многу сложена операција, бидејќи за да биде успешна од голема важност биле успесите на нивните бригади во битките во другите градови со крајна цел да се поврзат 50 та дивизија која била во реонот на Штип со 42 та дивизија која била на Сува Гора, за да можат заедно да нападнат во Скопје. 50 та дивизија незначително задоцнила на позицијата за нивно спојување, а тоа бил реонот на Велес. Нивното доцнење се должело на силниот отпор кој го дале Германците во реонот на Штип, каде 5 та бугарска дивизија воопшто не ни учествувала како било договорено ...

Институт за национална историја
                                     

ⓘ Институт за национална историја

Институт за национална историја - државна научна установа основана со уредба на владата на НР Македонија од 22 јули 1948 година, со основна задача да ја проучува историјата на Македонија и македонскиот народ, на народностите и на етничките групи што живеат во неа. Со посебен Закон за Институтот за национална историја од 1965 година поблиску се определени неговите задачи. Седиштето на Институтот за национална историја е во Скопје. За прв директор е именуван Митко Зафировски, а денешен директор на Институтот е д-р Драги Ѓоргиев.

ИНИ својата дејност ја остварува преку научноистражувачка, издавачка и наставна дејност последипломските и докторските студии.

                                     

1. Историјат

Институтот за национална историја низ годините минал низ неколку фази. Првата фаза е четиригодишниот период од 1944 до 1948 година, која се одликува со силно влијание на југословенската и советската историографска школа. Темелите на идејата за создавање на Институт за национална историја биле псотавени на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година. Бил формиран специјализиран Историски отсек при Главниот штаб на Југословенската армија, за Македонија, со задача да прибира и да подредува архивска граѓа.

Во почетокот на 1948 година, кога Институтот се наоѓал во фаза на организациско оформување, бил формиран Научен совет како претходница на Институтот. Во напорите за прибирање изворни материјали и за формирање библиотечни фондови, најголем придонес имал еден од основоположниците на ИНИ, д-р Љубен Лапе, кој во 1946 година учествувал во преземање на библиотеката и архивата од Македонскиот научен институт во Софија, што е донесена во НР Македонија.

Институтот како самостојна научна институција бил формиран со Уредба бр. 8556, која Владата на НРМ ја потпишала на 20 јули 1948 година. Првото име гласело: Научен институт за национална историја на македонскиот народ, со седиште во Скопје. Во оваа фаза се пристапило кон конципирање на модерната македонска историографија.

Во периодот од 1980-1990 година, започнал процесот на критичко превреднување на научните достигнувања на македонската историографија, и се појавил стремежот да се обработат некои "табу теми" за кои Институтот во претходниот период воопшто не се произнесол.

Во 2008 година бил донесен нов Закон за научно-истражувачка работа, а две години подоцна, Институтот го прилагодил својот Статут со Законот.

                                     

2. Одделенија

Научноистражувачката дејност Институтот ја врши преку седум постојни одделенија:

  • Одделение за проучување на периодот на преродбенското и националноослободителното движење во XIX век до 1912 година
  • Одделение за историјата на македонскиот народ 1913-1941
  • Балканолошко одделение
  • Одделение за историјата на малцинствата на Балканот и иселеништвото
  • Одделение за античка и средновековна историја на Македонија до 1371 година
  • Одделение за историјата на Македонија во време на османско-турското владеење до почетокот на XIX век
  • Одделение за историјата на македонскиот народ 1941-1991

Од 1957 година Институтот издава научно списание "Гласник”.

                                     

3. Директори на ИНИ

  • Михаило Апостолски 1 јануари 1965 - 31 декември 1970
  • Тодор Чепреганов 2001 - 2012
  • Драги Ѓоргиев 2012 - сè уште
  • Владо Ивановски 15 април 1987 - 5 декември 1995
  • Ѓорѓи Абаџиев 1 септември 1950 - 1 април 1952
  • Орде Иваноски 1 јануари 1975 - 1 мај 1979
  • Новица Велјановски 5 декември 1995 - 2001
  • Глигор Тодоровски 1 јануари 1971 - 31 декември 1974
  • Александар Христов 1 декември 1960 - 1 декември 1964 1 април 1979 - 1 април 1983
  • Митко Зафировски 1 август 1948 - 1 септември 1949
  • Методија Соколоски 1 септември 1949 - 1 април 1950 1 август 1956 - 1 декември 1960
  • Љубен Лапе 1 април 1952 - 1 август 1956
  • Данчо Зографски 1 април 1950 - 1 октомври 1950 1 април 1983 - 31 март 1986
  • Манол Пандевски 1 април 1986 - 3 април 1987
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →