Back

ⓘ Демократска обнова на Македонија




Демократска обнова на Македонија
                                     

ⓘ Демократска обнова на Македонија

Демократска обнова на Македонија е македонска политичка партија на зелената опција. ДОМ била основана на 26 ноември 2005 година, а своето основачко собрание го одржа во Скопје на 28 јануари 2006 година. Тогаш за претседател на партијата беше избрана Лилјана Поповска, која, по своето повлекување од Либерално демократската партија, беше главниот иницијатор на ДОМ. ДОМ по само неколку месеци од своето формирање учествуваше на Парламентарните избори во 2006 и на нив успеа да добие едно парламентарно место, пратеник стана претседателката на ДОМ Лилјана Поповска. На овие парламентарни избори ДОМ освои околу 20 000 гласови на национално ниво. ДОМ како парламентарна партија влезе во владината коалиција, која ја предводеше ВМРО ДПМНЕ, со заменик министер за животна средина и просторно планирање. Во периодот помеѓу 2006 и 2008, ДОМ имаше нагласена активност во промоцијата на туризмот,културата, науката,образованието итн. Од програмските определби на ДОМ: одржлив економски развој, заштита на животната средина, заштита на културниот и националниот идентитет и почитувањето на истиот на другите еднички групи, силна меѓународна соработка и политика на ненасилство и толеранција, јасно произлезе дека по својата суштина ДОМ е партија на Зелените. Тоа официјално било прогласено со Зелениот манифест на ДОМ од 2008. ДОМ силно се залага за правата на жената, обновливи извори на енергија, туризам, наука, заштина на животна средина, еко-земјоделство, демократија, почитување на човековите права, зелени работни места. еднакви можности за сите, против дискиминацијата во општеството итн.

                                     
  • Лилјана Поповска ја напушти партијата и формира своја партија, Демократска обнова на Македонија На парламентарните избори во 2006 година, ЛДП повторно настапи
  • Радикална демократска партија ВМРО - ГД - РДП 1994 - самостојно Внатрешна македонска револуционерна организација - Движење за обнова на Македонија ВМРО - ДОМ
  • Македонија Сојуз на титови леви сили Партија за економска обнова Демократска републиканска унија на Македонија ТМРО ТМОРО - ВЕП ВМРО Демократска партија Национална
  • Демократска партија на Србите во Македонија или скратено ДПСМ - политичка партија во Македонија која ги застапува интересите на Србите во Македонија Демократска
  • обнова - Вардар - Егеј - Пирин, Македонска алијанса, Демократска партија на Турците на Македонија ВМРО - ДП, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија
  • Демократска лига на Бошњаците босански: Demokratski Savez Bošnjaka - македонска вонпарламентарна политичка партија, претставник на етничките Бошнаци
  • Македонија ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија Демократска партија на Турците на Македонија
  • Република Македонија - името на македонската држава од 8 март 1946 до 1963. Претходниот назив на државата бил Демократска Федерална Македонија а Президиумот
  • радикална обнова - Вардар, Егеј, Пирин - Преспа ТМОРО - ВЕП - македонска политичка партија со десна и национална ориентација. Името на партијата упатува на историската