Back

ⓘ Ботаника



                                               

Пиреј (појаснување)

Ботаника
                                     

ⓘ Ботаника

Ботаника е една од најстарите гранки на биологијата, и таа се занимава со научно проучување на растенијата. Името потекнува од грчкиот збор βοτανικός, botanikós - и значи: она што се однесува на растенијата. Во поново време ботаниката се означува и со термините" наука за растенијата" и" биологија на растенијата".

Ботаниката опфаќа повеќе дисциплини кои го проучуваат изгледот, градбата, растот, развитокот, репродукцијата, метаболизмот, физиологијата, заболувањата, екологијата, сродноста и еволуционата историја на растенијата.

Традиционално, ботаничарите ги истражувале сите организми кои не биле означени како животни. Напредокот во познавањето на овие" специјални" организми, посебно микроорганизмите, довел до одвојување на посебни гранки од ботаниката - во прв ред микробиологијата и микологијата. Меѓутоа, се уште нашироко е распространета практиката за опишување на овие нерастителни организми во воведните курсеви на ботаниката.

                                     

1. вовед

Ботаника, позната и како наука за растенијата или биологија на растенијата,и е наука за растенијата животот биологија. Ботаничар или научник за растенијата е научник кој специјализирал на ова поле од науката. Терминот "ботаника" потекнува од Античките грци од зборот βοτάνη botanē кој значи "пасиште", "трева", or "fodder"; βοτάνη води потекло од βόσκειν boskein, "да храни" or "to graze". Традиционално, ботаниката вклучува проучување на габи и алги од, анализата на број на хромозоми, растителна хемија и структурата и функцијата ензимиs и другите протеини. Во последните две декади на 20 век, ботаничарите ги проучиле техниките на молекуларна генетска анализа, вклучувааејќи ги геноми и протеоми оДНК делови за подобра класификација на растенијата.

Модерната ботаника е широка, мултидисциплинарна тема со инпути од многу други области од науката и технологијата. истражувачките теми вклучуваат наука за растенијатаструктура, расти диференцијација, репродукција, биохемијаипримарен метаболизам, хемиски продукти, развој, болести, еволуциони врски, системстика, ирастителна таксономија. Доминатна тема во 21 век во науката за растенијата молекуларна генетика иепигенетика, кои се механизам и контрола на експресија на гените за време на диференцијализмот растителни ќелиии ткива. ботаничките истражувања развиле апликација во обезбедување staple храна иtextile,во модерната хортикултура, земјоделство и шумарство, растителна пропагација, одгледување и генетска модификација, во синтеза на хемиските и матерјалите за изградба и продукција на енергија, воЕнвироменталниот менаџмент, и употребата на биоразновидност.

                                     

2. Историја на ботаниката

Меѓу првите ботанички трудови, напишани околу 300 г. п.н.е., се и двете големи дела на грчкиот филозоф и книжевник Теофраст - Историја на растенијата и Причини за растенијата односно, Природа на растенијата - во кои опишал многу видови и нивната примена. Римскиот лекар Диоскоридес ги допополнил списоците со растенија на Теофраст и посветил повеќе внимание на употребата на лековитите растенија.

Во текот на антиката овие книги биле најважниот придонес за ботаниката и врз нив се потпирале истражувачите и лекарите во текот на Средниот век. Со откривањето на Новиот Свет, почнува понатамошниот развој на ботаниката, бидејќи Европјаните дошле во контакт со потполно непознати видови.

Клучни точки во развојот на ботаниката се системот на биномна номенклатура на Лине и обидот за класификација на растенијата врз основа на градбата на цветовите, откривањето на клетката, воспоставувањето на теоријата за еволуцијата на Дарвин, откривањето на растителните хормони, развојот на генетиката и молекуларната биологија кон крајот на 20 век. Паралелно со збогатувањето на ботаничкото знаење, дошло и до значително унапредување на методологијата на истражувањето, благодарејќи на развојот на техниката и технологијата.

                                     

3. Методи на истражување

Ботаниката го користи како набљудувањето, така и компаративните, историските и експерименталните методи. Некои од овие методи се: собирање и складирање на растителниот материјал во хербариуми, набљудување во природни и вештачки услови, експерименти во природата и во ботаничка лабораторија, математичка обработка на добиените податоци.

                                     

4. Ботанички дисциплини

  • морфологија и анатомија на растенијата
  • фитогеографија растителна географија
  • растителна цитологија
  • физиологија на растенијата
  • растителна генетика
  • палинологија
  • систематика на растенијата
  • палеоботаника
  • фитоценологија
  • фитоекологија екологија на растенијата
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →