Back

ⓘ ССОУ "Коле Неделковски" - Велес



ССОУ Коле Неделковски - Велес
                                     

ⓘ ССОУ "Коле Неделковски" - Велес

Средното стручно општинскп училиште "Коле Неделковски" - средно училиште во Велес, Општина Велес. Училиштето е формирано во 1965 година како индустриско училиште за практична настава.

                                     

1. Основање и развој

Со решение на собранието на Општина Титов Велес од 22.09.1965 г. се формирало индустриско училиште УЗУС Училиште за ученици во Стопанството" Коле Неделковски". Школувањето траело три години а учениците биле поделени во три смера: метален, ќерамички и текстилен.

Училиштето е сместено во сопствена зграда на ул.Андон Шурков бр.4 во Велес истото се наоѓа помеѓу индустриската и урбаната зона со одлична комуникација во одност однос на главните сообраќајници Е-75 и железничката станица на пругата Белград – Атина.

Во текот на своето постоење во училиштето се изведувала настава од повеќе образовни струки како што се метална, керамичка, текстилна, но денес застапени се машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителската струка.

                                     

2. Образовни профили

  • Автотехничар - Мехатроничар
  • Заварувач
  • Металостругар
  • Електротехничар за електроника и телекомуникации
  • Електротехничар за компјутерска техника
  • Електромеханичар за електронски уреди
  • Техничар за компјутерско управување
  • Електромеханичар
  • Електроинсталер и монтер
  • Машински Техничар
  • Машинобравар
  • Автомеханичар
  • Машинско Енергетски Техничар
  • Техничар за транспорт и шпедиција
  • Електротехничар енергетичар
  • Келнер - Готвач
                                     

3. Учество на натпревари

Училиштето редовно учествува во Државните натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта. За истакнување се наградите кои ги освојуваат нашите ученици посебно во струките машинобравар и металостругар.

                                     

4. Директори на училиштето

  • Иванов Томислав
  • Ристовски Боро
  • Ковачки Видосав
  • Алексоски Гоце
  • Сарагинов Никола
  • Гравчевски Тодор
  • Ончевска Благојка
  • Елисковски Валентин
  • Ајтов Трајко
  • Јанев Александар
                                     

5. Познати личности кои учеле во ова училиште

  • Проф.Д-р. Кочо Анѓушев - стопанственик
  • Панче Ќумбев - фудбалер и репрезентативец на А селекцијата на Р. Македонија, член на ФК Борец, ФК Победа, FC Legia Warszawa и ФК Работнички
  • Пепи Манасков - ракометар, член на РК Борец, VFL Hameln, РК Пелистер, РК Цеље пивоварна Лашко, HC Filipos Verias и РК Вардар
                                     

6. Култура и спорт

Значајно место во културно забавниот живот завзема и драмската секција во училиштето, која со повеќекратното изведување на своите претстави" Бумеранг", Така требаше да биде", Солунски патрдии" и др. е чест гостин и на разните културните манифестации организирани на локално ниво. Исто така учеството и постигнатите резултати на литературни конкурси покажува дека училиштето, иако е стручно, не ги занемарува и општообразовните предмети, туку напротив делува стимулативно на учениците кои ги имаат овие квалитети да добијат шанса слободно да ги изразат.

КУД" Коле Неделковски" со своето 18 годишно постоење е водечко културно уметничко друштво во Општината и во Р.Македонија. Со своето учество на разните домашни и интернационални фестивали ја зголемува својата популарност, го подигнува нивото на културно уметничката свест кај младите со што претставува гордост на училиштето и градот Велес.

Фудбалот, ракометот, атлетиката. воопшто спортот, е поле на кое ССОУ" Коле Неделковски" било водечко училиште во Општината. Екипите на училиштето во секоја натпреварувачка година земаат учество на регионалните и државните натпревари во различните спортови, забележувајќи при тоа резултати за вистинска почит. Голем број на познати спортски имиња почетните чекори во своите професинални кариери ги направиле токму на спортските терените на училиштето.



                                     

7. Меѓународна соработка

ССОУ" Коле Неделковски е веќе две години во збратимени односи со средното училиште" Stanisława Staszica" од полскиот град Новогард. Веќе неколкупати е реализирана меѓусебна посета на ученици и колеги од овие две училишта. Тие имаа прилика да се запознаат со условите во кои работат, карактеристиките на двата образовни система но и истовремено да се дружат, забавуваат и запознаат поблиску со двата града, Новогард и Велес.

                                     

8. Надворешни врски

  • Портал за основните и средните училишта во Македонија
  • Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
  • Мрежно место на училиштето
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →