Back

ⓘ Вариска култура




Вариска култура
                                     

ⓘ Вариска култура

За несродниот народ видете народ Вари.

Вариската култура била култура која се развила пред Инките во регионот на Андите, поточно во јужниот дел од брегот на Перу во периодот од 500 до 900 година. Главниот град на оваа култура бил Вари и се наоѓал на околу 25 км североисточно од денешниот град Ајакучо во Перу. Овој град бил центар на цивилизацијата која покривала голем дел од висорамнините и брегот на Перу. Подоцна, државата се проширила и го зазела градот Пачакамак, иако се верува дека имал одредена автономија. Исто така, во склоп на Вариската култура или држава влегле и Моче културата, а подоцна и Чиму културата. Најдобрите археолошки остатоци од Вариската култура постојат во градот Квинуа познати како Вариски остатоци. Исто така познати се остатоците и во близина на градовите Чиклајо и Пикилакта.

Се верува дека Варите го измислиле терасното земјоделство, начин на одгледување кое подоцна го усовршиле и Инките. Мајчиниот јазик на Варите се верува дека бил кечуанскиот јазик, но со споредбено и историско проучување на андските јазици се довело до верување дека мајчиниот јазик бил форма на ајмарскиот јазик. Вариската култура почнала за исчезнува во 800 година, а во 900 година и градот Вари исчезнал.

                                     

1. Користена литература

  • Collier, Simon et al. Ed. 1992. The Cambridge Encyclopedia of Latin America and the Caribbean изд. Second. Cambridge University Press. ISBN 0-521-41322-2. CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори link
                                     
  • најверојатно како резултат на драстични промени во регионот. Вариска култура Тиванаку култура Оваа статија поврзана со Јужна Америка е никулец. Можете да
  • вариски јазик, јазик на Варијците Вариска култура цивилизација во Перу Вариска империја, кралство на Вариската култура Вариски рушевини, рушевини, археолошко
  • JRank Wendell C. Bennett, Excavations at Wari, Ayachucho, Peru 1953 Вариска култура Северновариски рушевини Археолошки наоѓалишта во Перу National Geographic
  • Schreiber, Wari Empire - Excavations at Wari, Ayachucho, Peru JRank, accessed 3 Nov 2010 Вариска култура Вариски рушевини Археолошки наоѓалишта во Перу
  • Pucllana Вака Хулијана, Уака Хулијана, Хуака Хулијана или само Пуклана Вариска култура Лима култура Перу pucllana.perucultural.org.pe Вака Пуклана