Back

ⓘ Министерство за земјоделство и шумарство (Нов Зеланд)



                                     

ⓘ Министерство за земјоделство и шумарство (Нов Зеланд)

Министерството за земјоделство и шумарство, маор. Te Manatu Ahuwhenua, Ngāherehere) е државна установа во Нов Зеланд која се занимава со сите работи поврзани со земјоделството, шумарството и биосигурноста.

На чело на установата стои Министерот за земјоделство, Дејвид Картер 2009 г.

                                     

1. Историја

Министерството за земјоделство и шумарство во минатото го носело името "Министерство за земјоделство и рибарство", но во 1995 г. надлежноста врз сите рибарски работи му припаднала на новоформираното Министерство за рибарство. Но и покрај неморскиот карактер на новото "Министерство за земјоделство", владата решила министерството и понатаму да го користи постоечкиот логотип и кратенката "MAF", поради фактот што тие веќе прераснале во мошне препознатливи обележја на една високовреднувана институција меѓу нејзините трговски партнери во странство. Во 1998 г. владата ги споила Министерството за земјоделство и Министерството за шумарство, и така настанало денешното Министерство за земјоделство и шумарство.

                                     

2. Надлежности

Министерството е одговорно за биосигурност, управување со државните шуми, пружање поддршка на земјоделците, обезбедување на хумано и одговорно постапување со животните, како и освојување на странски пазари за новозеландските производи. Организацијата работи и на унапредување на одржливоста во земјоделско-сточарскиот сектор, раководство со земјишта, водоснабдување и наводнување во руралните предели на Нов Зеланд.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →