Back

ⓘ Религија



                                               

Ксенофан

Ксенофан се смета за основач на Елејската школа. Потекнува од Колофон, напреден малоазиски град. Тој бил против предрасудите и заблудите на народната религија. Според него луѓето ги создале боговите по своја лика и прилика. Според него, ако воловите, коњите и лавовите беа способни да сликаат, секој од нив би ги претставил боговите во својот лик - воловоте како волови, коњите како коњи, итн. Тој ги напаѓал олимписките игри и славењето на физичката сила, додека силата на умот се потценувала. Бог, кој е еден, не наликува на луѓето. Тој е еден, вечен и непроменлив, еднороден. Всушност, под бог ...

                                               

Право на детето на образование

Право на детето на образование ― учење и практикување на правата на децата во училиштата, образовните програми или установите, како што е информирано и во согласност со Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето. Кога е целосно имплементирана програмата за образование на правата на децата се состои од наставен план за учење на нивните човекови права и рамка за управување со училиштето на начин што ги почитува правата на децата. Членовите 29 и 42 од Конвенцијата за правата на детето бараат децата да бидат образовани за своите права. Покрај исполнувањето на законските обврски на ...

                                               

Протести во Турција (2013)

Бран демонстрации и граѓански немири во Турција започнале на 28 мај 2013 година, првично да се оспори планот за урбан развој за истанбулскиот парк Таксим Гези и негово рушење. Последователно, поддршката на протестите и започнување штрајкови започнале низ цела Турција, протестирајќи против широк спектар на загриженост во основата на прашањата за слободата на печатот, изразувањето и собирот, како и ерозијата на политичката исламистичка влада на секуларизмот на Турција. Без централизирано раководство надвор од малото собрание што го организирал првичниот еколошки протест, протестите биле спор ...

                                               

Апулеј

Апулеј е роден во градот Мадаурус, во денешен Алжир. Во Атина студирал платонистичка философија, а во Рим реторика. Често патувал низ Италија, Мала Азија и Египет. Освен од традиционалната религија, своите искуства ги црпел и од ориенталните култови на Изида, Митра и Озирис кои ги комбинирал со новопитагорејското учење и со платонскиот спиритуализам. Тој се гордеел со својот почесен назив philosophus Platonicus. Патувајќи во Александрија, се оженил со една богата вдовица, но бил обвинет дека искористил магија за да ја убеди на бракот со него.

                                               

Религии во Европа

Религијата во Европа има големо влијание врз денешното општество, уметност, култура, филозофија и право. Најголемата религија во Европа е христијанството, но нерелигиозноста и практичната секуларизација се силни. Три земји во Југоисточна Европа имаат муслиманско мнозинство. Античките европски религии вклучувале почит кон божества како што е Зевс. Постојат современите движења за заживување на овие религии, како хетенизмот, родноверието, Ромува, друидизмот, вика и други. Помали религии се дармиските религии, јудаизмот и некои источноазиски религии, кои се најзастапени во Велика Британија, Фр ...

                                               

Теизам

Теизам - верба во постоењето на врвно суштество или богови. Вообичаено, или кога е спротивставен на деизмот, овој термин често ја опишува класичната концепција за Бога што се наоѓа во монотеизмот - или богови што се наоѓаат во политеистичките религии - верување во Бога или во богови без отфрлање на откровението како што е карактеристично за деизмот. Атеизмот најчесто се сфаќа како неприфаќање или отфрлање на теизмот во најширока смисла на теизмот, т.е. неприфаќање или отфрлање на верувањето во Бог или во боговите. Тврдењето дека постоењето на кое било божество е непознато или не се знае е ...

                                               

Планина Емине

Планината Емине, е света планина во Нара, Јапонија, позната по своите три теста на храброст. Официјално позната како планината Санџи, таа е попозната како планина Eмине поради истакнувањето во планинскиот масив Емин. Сместена е во националниот парк Јошино-Кумано во регионот Кансаи, Хонши, Јапонија. Храмот Еминесјај, сместен на врвот на планината, е седиште на сектата Шугендo на јапонскиот будизам и целата планина е дел од аџилак и полигон за јамабуши.

                                               

Партско Царство

Партско Царство, или Арсакидско Царство - античка држава на Блискиот Исток што постоела од средината на 3 век пр.н.е. до почетокот на 3 век на новата ера. Поникнало во областа Партија, која го опфаќала североисточниот дел на денешен Иран, на својот врв, покрај целиот Иран, ги опфаќало и териториите на денешните држави: Ирак, Ерменија, Грузија, источна Турција, источна Сирија, Туркменистан, Авганистан, Таџикистан, Пакистан, Кувајт, крајбрежниот дел на Саудиска Арабија во Персискиот Залив, Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Со Партија владеела династијата Арсакиди средновековен пе ...

                                               

Национален парк Комодо

Национален парк Комодо индонезиски: Taman Nasional Komodo е национален парк во Индонезија, сместен во рамките на островите Мала Сунда, во пограничниот регион помеѓу провинциите Источна Нуса Тенгагара и Западна Нуса Тенгагара. Паркот вклучува три поголеми острови Комодо, Падар и Ринка и 26 помали, со вкупна површина од 1.733 км 2 603 км 2 од него слета. Националниот парк е основан во 1980 година за да го заштити змејот Комодо, најголемиот гуштер во светот. Подоцна бил посветена на заштита на други видови, вклучително и морски видови. Во 1991 година националниот парк бил прогласен за светско ...

                                               

Граматика на бугарскиот јазик

Бугарскиот јазик како мајчин го говорат околу 9 милиони луѓе кои главно живеат во Бугарија. Бугарскиот јазик е јужнословенски јазик и има граматички сличности со останатите јазици кои припаѓаат на истата јазична фамилија. Бугарскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенските јазици и е службен јазик во Република Бугарија. Во бугарскиот јазик некогаш постоел опширен систем на деклинации. Старобугарскиот разликувал 7 падежи: номинатив, акузатив, датив, генитив, локатив, инструментал и вокатив. Деклинирањето почнало да исчезнува за време на среднобугарскиот јазик. Во современиот бугар ...

                                               

Фецијал

Фецијал - вид свештеник во Стариот Рим, кои носеле одлука дали треба да се започне војна или не. Ако одлучеле дека треба да се води војна, тогаш четворица фецијали, предводени од најстариот свештеник, оделе кај непријателот за да побараат соодветно задоволување при што се служеле со вообичаени изрази и формули. По 33 дена, ако одговорот не ги задоволел, и откако римскиот сенат и народот ќе даделе одобрение, врховниот свештеник ја објавувал војната така што фрлал копје на непријателската територија. Подоцна, поради големото пространство на Римското царство, тоа не било можно, така што овој ...

Религија
                                     

ⓘ Религија

Религија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како тотална сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религии. може да се дефинира и као друшвена појава која подлежи на некои одредени закони,и може да се согледа како духовна поврзаност на една група на луѓе со некое вишо, свето битие односно со Бог/ Божество.

                                     

1. Поимот Религија

Поимот религија се врзува за латинскиот збор односно глагол religiere, што значи "да се поврзе", за првпат овој израз бил употребен од христијанскиот филозоф Лактанциј во IV век, говорејќи за врската на човекот со останатите други битија и со Бог.

Постојат три основни пристапи по кои може да се согледа религијата како феномен, а тоа се:

  • Објективен пристап
  • Субјективен пистап
  • Субјективно - објективен пристап

Од гледиште на објективниот пристап, религијата не може да се гледа како секоја друга појава. Додека според субјективниот пристап, религијата постои засебно во однос на останатите работи. Според третиот став не може да се порекне субјективното ниту пак објективното бидејќи религијата е синтеза и на објективното и на субјективното. Повеќето религии подразбираат учење кое се однесува на суштината, целта на постоење на сепостоечкото, а исто така религијата подразбира и одредени облици на верски заедници, како и одредени обреди, ритуални изведби кои се изведуваат на посветени места односно во одредени институции.

                                     

2. Потекло на Религијата

Постојат три основни групи на теории на религијата:

  • според третата група на теорија, религијата е човечка склоност према суеверија која произлегла од недоволното познавање на вистинската природа на нештата.
  • религијата е изум на една обично владеачката, привилегираната група на луѓе како средство за заштита, и ваквиот облик на религија според оваа теорија се јавува во првобитната човекова заедница како последица на човечкото увидување дека многу работи во природата се случуваат без негова волја, и дека човекот како човечко суштество не може да влијае на тие појави ниту пак да ги измени или контролира колку и да се труди, а во ваквите појави најчесто спаѓаат: поплавите, сушите, грмежите, громовите и сл. Според горенаведената теорија, човекот дошол до идеја за постоење на виша сила која влијае на истото. и на тој начин настанале првите облици на богови кои симболизирале единствена моќ кои суверено владеат со човековото постоење. Човекот настојувал да им оддаде чест со молитва и жртвување што е карактеристика на природните религии: анимизам, фетишизам, тотемизам, браманизам, будизам, конфучијанизам и мухамеданство.
  • според втората група на теории, религијата е трајна егзистенцијална карактеристика на човекот, а според оваа теорија човекот е во комуникација со бог уште од своето постоење, кои во текот на историјата привремено го изгубил пагајќи во паганство кое повторно се воспоставува со Откровението Божјо - откривање односно јавување во светот, и како Откриени религии се сметаат јудаизмот и христијанство.

Ерих Фром смета дека на почетокот од човечката историја, иако бил исфрлен од првобитното единство со природата, човекот продолжил да се држи до тие примитивни врски, т.е. преку врските со природата човекот ја обезбедувал својата сигурност. Токму примитивните религии, во кои човекот сочувствува со растенијата и со животните, го отсликуваат неговиот стремеж да го одржи единството со природата. Оттука, во првобитните религии, животното е преобликувано во тотем, човекот носи животински маски при религиските свечености, а човекот го обожува животното како Бог. Во подоцнежните фази од историскиот развој, кога се развиле занаетчиската и уметничката вештина, кога човекот повеќе не бил зависен од даровите на природата, тој ги преобратил производите на својата рака во божества. Во оваа фаза, човекот ги обожавал предметите изработени од глина, сребро или злато. На тој начин, човекот ги проектирал своите сили и способности во предметите што ги изработил, т.е. своите творби ги обожавал во отуѓен облик. Најпосле, во уште подоцнежната фаза, човекот им дал на божествата човечки лик, а тоа се случило која тој станал уште посвесен за себе, т.е. кога открил дека тој самиот е највисокото и најблагородно "нешто" во светот. Во оваа фаза, обожувањето на антропоморфниот бог има две димензии: едната се однесува на женската или машката природа на боговите, а втората на степенот на зрелоста кој го достигнал човекот. Во оваа фаза од историскиот развој, најпрвин постоела матријархална фаза на религијата во која највисокото божество е мајката, а дури потоа се развила патријархалната фаза во која се појавил богот-татко.

                                     

3. Поделба на Религијата

Постојат два вида на религија: политеистички религии и монотеистички религии. За политеистичките религии грчки: poli - повеќе, многу и theos - бог карактеристично е верувањето во повеќе богови, различни божества кои владеат во различни сектори на природно и човечко делување. Политеизмот е карактеристичен за старите, природни, пагански религии, и тие се повеќе ритуални, обредни отколку теориски. Тие не тежнеат кон ширење за разлика од монотеистичките. Најзначајни стари религии се: египетска религија, старогрчка религија, римска религија, одинизам, а и речиси сите народи на територијата на Европа пред да го прифатат Христијанството исповедале различни пагански, природни, политеистички религии, кои денеска се исчезнати, со исклучок на хиндуизмот и племенските религии на тлото на Африка.

                                     

4. Религијата како тема во уметноста и во популарната култура

  • "нова вера, нова библија" - кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 година.
  • "Ја губам мојата религија" Losing My Religion - песна на американската рок-група "Р. Е. М." R.E.M. од 1991 година.
  • "Религијата на морјанинот" - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.
  • "Религија I" Religion I - песна на британската рок-група "ПИЛ" Public Image Ltd. од 1978 година.
  • "Религија II" Religion II - песна на британската рок-група "ПИЛ" Public Image Ltd. од 1978 година.
  • "Вистинскиот верник" - суфиска приказна.
  • "Религијата на моето време" La religione del mio tempo - поетска збирка на италијанскиот писател Пјер Паоло Пазолини од 1961 година.
                                     

5. Поврзано

  • Бахаула
  • Бог
  • Бахаизам Бахаи религија
  • Баб
  • Будизам
  • Буда
  • Православие
  • Протестантство
  • Католицизам
  • Христијанство
  • Исус Христос
  • Папа
  • Црква
  • Конфучијанство
  • Конфучиј
  • Брама
  • Вишну
  • Шива
  • Хиндуизам
  • Сунити
  • Шиити
  • Џамија
  • Омар
  • Мухамед
  • Али
  • Мека
  • Ислам
  • Израел
  • Синагога
  • Мојсеј
  • Јудаизам
  • Ерусалим
  • Зороастризам
  • Зороастер
  • Џаинизам
Салии (Стар Рим)
                                               

Салии (Стар Рим)

Салии - свештеници на богот Марс во Стариот Рим. Во определени прилики, тие трчале низ градот и изведувале посебна игра при што со копје удирале во штитот. Поворката која се одржувала во март траела десет дена, а секоја вечер се служила богата гозба во која учествувале свештениците и другите учесници во свеченоста. Овие гозби биле познати како Салиски гозби.

Лустрација (ритуал)
                                               

Лустрација (ритуал)

Лустрација - церемонии кои се вршеле во Стариот Рим за време на свеченостите на Амбурбиите, како и во други прилики, кога имало потреба да се смири гневот на боговите. Тогаш, гревовите се пренесувале на животните и нив ги воделе неоколу со цел да се исчистат од гревовите. Оттука, поимот "лустрација" означувал "прочистување" од гревовите.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →