Back

ⓘ Министерство за природни ресурси и животна средина на Русија



Министерство за природни ресурси и животна средина на Русија
                                     

ⓘ Министерство за природни ресурси и животна средина на Русија

Министерство за природни ресурси и животна средина на Руската Федерација е владина агенција која е во состав на Кабинетот на Русија. Ова министерство има обврска да управува со природните ресурси на земјата и да ја штити нејзината животната средина. Прв министер бил Јуриј Трутнев.

Сегашен министер е Дмитриј Кобилкин кој бил поставен во мај 2018 година.

                                     

1. Историја

Предок на Министерството за природни ресурси и животна средина била државната служба за рударство и геологија кој ја основал Петар Велики на 2 октомври 1700 година. Откако се распаднал Советскиот Сојуз, на 14 август 1996 биле создадени Министерството за животна средина и Министерството за природни ресурси. Тие биле споени за да се формира Министерството за природни ресурси и животна средина на 28 мај 2008 година.

                                     

2. Активности

Министерството за природни ресурси и животна средина е одговорно за да креира и спроведува политики и регулативи кои се однесуваат на животната средина, исто така и зачувување, регенерација, шумарство и заштита на дивиот свет.Министерството е одговорно и за истражување, управување и зачувување на природните ресурси на земјата,како и управување со водоснабдувањето, развој на минерални наоѓалишта и истражување на територијата на земјата и континенталниот гребен. Задолжено е и за регулирање на индустриската и енергетската безбедност и треба да ги следи сите геолошки и земјотресни активности,како и развојот на државната полиција и законската регулатива во шумарството.

                                     

3. Одделенија

  • Федералната служба за надзор на природните ресурси
  • Федерална служба за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина
  • Федерална агенција за употреба на подземје
  • Федерална агенција за шумарство
  • Федерална агенција за водни ресурси
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →