Back

ⓘ Мало претпријатие



Мало претпријатие
                                     

ⓘ Мало претпријатие

Со цел да се подобри пристапот кон претприемништвото во Европската Унија, да се поедностави законската и политичката средина за малите и средни претпријатија, како и да се отстранат сите останати пречки за нивниот развој донесен е Актот за мали претпријатија за Европа. Тој претставува сеопфатна рамка за политиката на Европската Унија кон малите и средни претпријатија. Главните приоритети на актот се:

  • пристап до пазари и интернационализација.
  • помал регулаторен товар;
  • пристап до финансии; и
  • промовирање на претприемништвото;

Актот не е законско барање, туку водич кон низа мерки коишто секоја земја треба да ги воведе - прилагодени на нејзините потреби - на патот кон усогласување со законодавството на Европската Унија. Актот за мали претпријатија се потпира на десет принципи со чиешто имплементирање земјите членки на Унијата ќе се справат со пречките кои го ограничуваат потенцијалот за раст на малите и средни претпријатија. Тие десет принципи се:

  • Претприемништво: создавање околина во која претприемачите и семејните претпријатија ќе можат да напредуваат, а претприемништвото да се наградува.
  • Единствен пазар: помагање на малите претпријатија да искористат повеќе од можностите кои ги нуди единствениот отворен пазар.
  • Вештини и иновации: промовирање на сите видови иновации и зголемување на вештините на работната сила во малите претпријатија.
  • Одговорна администрација: јавната администрација да одговара на потребите на малите и средни претпријатија.
  • Интернационализација: охрабрување на малите и средни претпријатија да го искористат растот на глобалните пазари и давање на поддршка во реализација на оваа цел.
  • Опкружување: овозможување на малите претпријатија да ги преобразауваат предизвиците од окружувањето во економски можности.
  • Втора шанса: да им се овозможи втора шанса за успех на искрени претприемачи кои доживеале неуспех.
  • Пристап до финансии: олеснување на пристапот до финансии на малите и средни претпријатија и развој на правно и деловно окружување погодно за нивните посебни барања.
  • Државна помош и јавни набавки: прилагодување на алатките на јавната политика да одговараат на потребите на малите и средни претпријатија, како и олеснување на нивното учество во јавните набавки и подобар пристап до државната помош наменета за мали и средни претпријатија.
  • Прво мисли како мал: проектирање на правила за малите и средни бизниси според овој принцип.
                                     

1. Користена литература

  • "Закон за трговски друштва", Службен весник на Република Македонија, бр. 28/04.
  • Stefanović I., Milišević D. and Miletić S. 2009. "Significance and development problems of SMEs in contemporary market economy", Serbian Journal of Management, 4 1, pp. 127–136.
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →