Back

ⓘ Ветерина




Ветерина
                                     

ⓘ Ветерина

Ветерина е гранка на медицината која се занимава со превенција, дијагностика и лечење болести, пореметувања и повреди кај животните. Обемот на ветеринарската медицина е широк, ги покрива сите животнски видови, домашни и диви, со широк спектар на услови кои можат да влијаат на различни видови.

Ветеринарна медицина е многу распространета, и со и без стручен надзор. Професионалната нега најчесто ја предводат ветеринари, но и ветеринарен техничари.

Ветеринарната медицина помага на човековото здравје преку следење и контролирање на зоонозите болести кои се пренесуваат од животни на луѓе, на безбедноста на храната и индиректно со вршење на основни медицински истражувања. Исто така помага при контролирањето на храната од стручно потекло, а и чувајќи го менталното здравје на милениците. Ветеринарите често соработуваат со епидемиолозите, но и со другите здравствени научници во зависност од работата. Етички, ветеринарите обично се должни да се грижат да доброто на животните.

                                     

1. Историја

Египатскиот Папирус од Кахун 1900. п.н.е. и Ведската литература во античка Индија Шалихотра се едни од првите пишани извори за ветеринарската медицина. Првиот будистички цар на Индија едиктомот на Ашока кажува: "Крал Пијадаси Ашока овозможил два вида медицина, медицина за луѓе и медицина за животни. Каде што нема лековита билка за лиѓе и животни, наредил да се купи и да се засади".

Првите обиди да се организира и регулира праксата на третирање на животни се фокусирала на коњите заради нивното економско значење. Во средниот век околу 475 година, потковувачите ја комбинирале својата работа со многу поширока задача "лечење коњи". Лорд-мајорот на Лондон во 1356 година загрижен заради лошата состојба на грижа за коњите во градот, на сите потковувачи кои работеле во круг од 7 милји од градот Лондон им наредил да основаат дружина која би ја регулирала и унапредила состојбата на нивниот град. Тоа довело до основање на Почитуваната компанија на потковувачи во 1674 година.

Во меѓувреме, книгата на Карл Руни "Анатомија на коњите" е објавена во 1598 година. Тоа било прва сеопфатна расправа за анатомијата на не-хуманиот вид.

                                     
  • универзитетот се проширил со додавање мна области по екологија, агрономство, ветерина и економско управување. По усвојувањето на Законот за високото образование
  • Анска Река во Валандово 1983 1991 координатор за извоз - увоз во АД Ветерина во Скопје и директор на Ветеринарната управа на Македонија 28. Ⅶ 1995
  •          Агрономија, растително производство и заштита на растенија -         Ветерина Општествени науки -         Економски науки финансии, менаџмент, банкарство
  • за собирање на историска граѓа, за пиротехника, за врски, за санитет, ветерина езерски и други единици. Ова е список на Македонските народноослободителни
  • д - р Њупчо Групче од 12. Х 2006 Медицина, стоматологија, фармација, ветерина Акад. Момир Поленаковиќ Фискултура, спорт, гимнастика, шах, игри: Проф
  • Голем Кајман и универзитетот Сент Метјус каде се изучува медицина и ветерина исто така на Голем Кајман На Голем Кајман постои и Правен факултет Law
  • виолончело, па по завршувањето на седмиот клас го испратиле да студира ветерина во Виена. Меѓутоа, и таму, Матош повеќе се интересирал за свирењето, па
  • летниот период а нејзини претседатели биле Страшимир Деловиќ студент по ветерина и Александар Јовиќевиќ студент по право ДАРМ, Фонд Лазар Соколов