Back

ⓘ Индустриски дизајн



Индустриски дизајн
                                     

ⓘ Индустриски дизајн

Индустриски дизајн има двојна примена. Тој служи за да ја задоволи потребата од убаво и корисно. По својата суштина и по својот облик, со кој и се презентира на јавноста, тој се наоѓа на половина пат, меѓу пронајдокот и "чистата" уметност. Правната заштита на индустрискиот дизајн е некаде на средината меѓу пронаоѓачкото и авторското право. Индустриската сопственост е заинтересирана за страната на овие творби, што има карактер на утилатералност - за нивната индустриска применливост. Авторското право, пак, е заинтересирано за нивната друга страна - за уметничката. Правната заштита на индустрискиот дизајн се состои во заштита на дистинктивните елементи на кои се должи успехот на пазарот. Правната заштита на индустрискиот дизајн покрај другото, го интензивира инвестирањето во ресурсите кој го негува, го форсира дизајнот, како елемент на производството. Заштитата на индустрискиот дизајн, во одделни земји, е решена на различни начини.

Како услови на заштита кај индустрискиот дизајн, споредбеното право ги утврдува новоста и индустриската и занаетчиска применливост.

Македонскиот законодавец се определува за принципот на универзална новост - дизајнот суштествено да се разликува од оној кој порано бил пријавен и достапен на јавноста без територијално ограничување, со тоа што дозволува да е ист со порано достапен дизајн на јавноста, ако пријавата за дизајнот била повлечена пред објавување на решението со кое се признава правото на индустриски дизајн. Според Законот за интелектуална сопственост од 2002 година, се смета дека дизајнот станал достапен на јавноста:

  • ако е објавен како пријава или како признато право од индустриска сопственост;
  • ако е изложен или користен на пазарот; и кога
  • во вообичаени услови на деловно работење станал познат во соодветни стручни кругови специјализирани за дадената област.
                                     

1. Постапка за стекнување

Во светот се познати два система за признавање на правото на индустриски дизајн. Тоа е системот според кој се врши целосно испитување и системот според кој се врши само испитување на пријавениот индустриски дизајн во однос на апсолутните пречки за регистрација, а не и на релативните.

                                     

2. Индустрискиот дизајн во Македонија

Во 2016 година, во Македонија биле поднесени вкупно 325 пријави на индустриски дизајн 22 домашни и 303 странски, една година подоцна имало 288 пријави 35 домашни и 253 странски, а во 2019 година, бројот на пријавите на индустриски дизајниизнесувал 279 34 домашни и 245 странски. Набљудувано од земји, во пријавите на индустрискиот дизајн, 76 биле од Швајцарија 27.8%, 37 од Германија 13.6% и 30 од Франција 11%, додека учеството на македонските пријави изнесувало 12.18%.

                                     

3. Надворешни врски

  • International Council of Societies of Industrial Design
  • Doodles, Drafts and Designs: Industrial Drawings from the Smithsonian 2004 Smithsonian Institution Libraries
  • U.S. Department of Labors Handbook: Commercial and Industrial Designers
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →