Back

ⓘ Максим V Цариградски



                                     

ⓘ Максим V Цариградски

Тој се родил како Максимос Вапорцис во северна Турција, во градот Синоп во Кастамонискиот вилает, на крајбрежјето на Црното Море. Тој најпрво се образовал, под заштита на митрополитот Германос Каравангелис од Амасија, во Теолошкото училиште на Халките, Истанбул.

Во 1918 бил назначен за ѓакон. Со ова напредување тој исто така станал учител во градското училиште во Тејра. Работел како архиѓакон под нарзор на митрополитите Грегориј Халкидонски и Јоаким Ефески. Во 1920 станал архиѓакон во самата Вселенска патријаршија.

Во 1946 тој станал цариградски патријарх. Тој бил познат по неговите "левичарски" мислења и врски со московската патријаршија. Тој поднел оставка во 1948, официјално поради слабо здравје, додека неофицијално поради тоа што западните сили не ги одобрувале врските со советско-контролираната московска патријаршија. Тој бил наследен од архиепископот од Америка, Атинагора, и му било доделено името Ефески.

Починал во Швајцарија на 1 јануари 1972.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →