Back

ⓘ Сладок живот (филм)




                                     

ⓘ Сладок живот (филм)

Сладок живот е италијански филм од 1960 година, во режија на Федерико Фелини. Сценариото е дело на Фелини, Енио Флајано, Тулио Пинели и Брунело Ронди. Главните улоги ги толкуваат: Марчело Мастројани, Анита Екберг и Анук Еме.

Филмот, направен во копродукција на "Riama Film", "Gray-Film" и "Pathé Consortium Cinéma", постигнал солиден комерцијален успех, остварувајќи бруто-приход од 19.5 милиони долари. Во 1962 година, филмот бил добитник на наградата "Оскар" за најдобра костимографија дело на Пјеро Џерарди, а бил номиниран и за најдобра режија, најдобро оригинално сценарио и најдобра уметничка декорација. Една година претходно, филмот бил номиниран за наградите на БАФТА, во категоријата најдобар филм. Во 1960 година, Фелини ја освоил наградата "Златна палма" на филмскиот фестивал во Кан.

                                     

1. Содржина

Марчело Рубини го игра Мастројани е новинар кој е незадоволен од својата работа и од својата девојка Ема ја игра Фурно, која со право е многу љубоморна на него, зашто тој постојано ја изневерува. Филмот започнува така што Марчело ја среќава богатата жена Мадалена ја игра Еме која го кани да прошетаат низ Рим. Тие одат во домот на една проститутка каде водат љубов. Утрото, кога се враќа дома, Марчело ја наоѓа Ема во бесознание, откако се обидела да изврши самоубиство, земајќи отров. Тој ја носи на болница каде успеваат да ѝ го спасат животот.

Кога во Рим доаѓа славната глумица Силвија ја игра Екберг, Марчело успева да ѝ се допадне и тие шетаат низ градот, доцна во ноќта, а нивната прошетка завршува така што Силвија влегува во фонтаната Треви.

Еден ден, Марчело и Ема одат во местото каде две деца ја виделе Богородица. Таму, Ема ја моли Богородица да го натера Марчело да ја сака. Децата си играат со возрасните, покажувајќи им различни насоки во кои ја "гледаат" Богородица, а потоа настанува безредие и посетителите го уништуваат дрвото покрај кое се појавила Богородица.

Другпат, Марчело и Ема одат во станот на интелектуалецот Стајнер, пријател на Марчело, каде Ема се воодушевува на љубовта која Стајнер им ја посветува на своите две деца.

Со цел да се посвети на пишувањето на својот роман, Марчело заминува во едно приморско летувалиште каде ја запознава младата девојка Паола коај ја споредува со ангел.

Една ноќ, во Рим пристигнува татко му на Марчело и двајцата одат во еден бар, каде се опиваат и наоѓаат женско друштво. Кога пристигнува во станот на танчерката Фани, на неговиот татко му се слошува и тој набрзина си заминува дома.

Откако го испраќа својот татко, Марчело ја среќава на улица Нико и со неа заминува на забавата што се одржува во еден замок. Таму ја среќава Мадалена која му кажува дека го сака.

На еден напуштен пат, Марчело и Ема почнуваат остра кавга при што тој ја брка од автомобилот, но подоцна се враќа назад по неа. Утредента, него го буди телефонски повик во кој го известуваат дека Стајнер извршил самоубиство откако претходно си ги убил децата. Марчело оди во станот на Стајнер, а потоа со еден полицаец оди да ја пречека сопругата на Стајнер. Таму, тие се опкружени со голем број папараци кои ја фотографираат неа.

Најпосле, Марчело учествува на една развратна забава, која завршува така што сите учесници на забавата излегуваат на морскиот брег гледајќи ја џиновската раја која се фатила во рибарска мрежа. Таму, Марчело ја здогледува Паола, која се обидува да му каже нешто, но тој не може да ја чуе си заминува со друштвото.

                                     
  • филм на режисерот Рајко Грлиќ. На прагот на животот шведски: Nära livet - шведски филм од 1958 година, во режија на Ингмар Бергман. Сладок живот
  • сочинуваат италијанската комедија. Со двете ремек - дела на Федерико Фелини, Сладок живот 1960 8 и 1 2 1963 го потврдил успехот на својата кариера. Мастројани
  • го добил својот втор Оскар за ремек - делото Сладок живот La Dolce Vita При снимањето на овој филм Фелини дошол во судар со својот продуцент околу
  • многу вокално мајсторство, но пејач треба да биде убав и сладок Во нивниот секојдневен живот идолите исто така треба да одговараат на нивните песни
  • снимање на својот филм Сладок живот La dolce vita Фелини го воочил нејзиниот талент па одма и понудил помала улога во овој филм Со оваа улога најзиниот
  • Вуди Ален вклучувајќи го и телевизискиот документарен филм од 2002 година Вуди Ален: Живот во филм режиран од филмскиот критичар од Тајм Магазин Ричард
  • за женски хор, 1941 Ах тиха вечер за женски хор, 1941 Од сон сладок за женски хор, 1941 Гора и јунак за женски хор, 1941 Румба
  • следните години. Се издвојуваат улогите во контроверзниот филм Хаундог од 2006 година и Тајниот живот на пчелите од 2008 година. Кои ја претставуваат нејзината
  • собира инспирација за следен албум за кој вели дека ќе биде Краток ама Сладок тотално различен од претходниот Back to Basics и при тоа не изјавувајки
  • времето пред постоењето на ладилници. Овие колбаси најчесто се сервираат со сладок сенф и свежо печени и топли переци. Леберкес, баварско печено месо од колбас