Back

ⓘ Вилијам Крукс




Вилијам Крукс
                                     

ⓘ Вилијам Крукс

Вилијам Крукс роден на 17 јуни 1832 во Лондон, Англија, починал 4 април 1919 во Лондон, Англија. Негово поле на дејствување физика и хемија, познат по откривањето на талиумот.

                                     

1. Животопис

Физичарот и хемичарот Вилијам Крукс освен што ги пронашол вакуумските цевки што го носат неговото име, тој извршил уште две други важни откритија. Во 1861г. го открил елементот талиум, а во 1895г. го идентификувал првиот познат примерок хелиум. Како и многу други научници од негово време, Крукс бил познат по својата верба во спиритуализмот. Бил член на Кралското здружение, а прогласен е за витез во 1897г. Во 1875 г. Крукс успеал да направи цевки со подобар вакуум отколку Гајслеровите цевки, а неговата цевка – Круксовата цевка, станала стандардна алатка за испитување на катодните зраци. Крукс открил дека кога ќе ставел тркало со пропелери меѓу електродите, зраците можеле да ги вртат перките. Од ова заклучил дека зраците се струја од честички. Тој експериментирал со празнење на електрични полнења низ гасови при многу ниски притисоци во стаклените цевки. Круксовите цевки покажуваат празнења низ воздухот при различни притисоци. Сер Вилијам Крукс докажал дека катодните зраци постојат, со изработка на првите верзии на цевка со катодни зраци. Без нив, откривањето на икс-зраците би било невозможно.

                                     
  • четврта состојба на материјата, првпат била идентификувана од сер Вилијам Крукс во 1879 година, а го добила името плазма од Ирвинг Лангмуир во 1928
  • Корисноста на дидимиумското стакло за ваква заштита на очите ја откри Сер Вилијам Крукс Фотографските филтри на дидимиум често се користат за подобрување на
  • вакуум - цевки, апарати од Хајнрих Рудолф Херц, Јохан Вилхелм Хиторф, Вилијам Крукс Никола Тесла и Филип Ленард, кога електрично празнење поминува низ
  • идентификувана во цевката на Крукс па била опишана од Вилијам Крукс во 1879 тој ја нарекол озрачена материја Природата на цевката на Крукс катоден зрак материјата
  • основачкиот документ се вели дека прв претеседател на друштвото ќе биде Вилијам Браункер, а дека секој понатамошен претседател, по потреба, ќе се бира
  • сепак, не реагира како тантал, туку како протактиниум. Во 1900 година Вилијам Крукс го изолирал протокиниумот како интензивно радиоактивен материјал од